Гинис му ја одзеде на Боби титулата најстаро куче на светот, лажеле за годините

Боби, најстарото куче во свето / Фото: Гинисови светски рекорди

Португалскиот мастиф Боби, најстарото куче на светот и најстарото куче досега според Гинисовата книга на рекорди, почина во октомври минатата година, наводно, на 31-годишна возраст. Сега привремено му е одземено признанието за најстаро куче, откако се појавија сомнежите за неговиот животен век.

Неговата длабока старост беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската влада СИАЦ, со која раководи Националниот сојуз на ветеринари, објави Гинисовата книга на рекорди минатата година. Но, некои ветеринари беа скептични.

– Никој од моите колеги ветеринари не верува дека Боби всушност имал 31 година – изјави за „Гардијан“ Дени Чемберс, ветеринар и член на советот на Кралскиот колеџ за ветеринарни хирурзи.

Расте скептицизмот кај експертите

Еурико Кабрал, координатор во СИАЦ потврди за „Вирд“ дека Боби бил регистриран на 3 јули 2022 година и дека сопственикот на кучето изјавил дека е роден во 1992 година. Но, Кабрал рекол дека СИАЦ не може ниту да ја потврди ниту да ја демантира возраста на кучето.

Други забележале фотографии од Боби кога бил помлад, забележувајќи дека неговото крзно изгледа поинаку и се поставувале прашања дали тоа е истото куче. Шејла Шмуц, професорка по наука за животни и живина на Универзитетот Саскачеван, рекла дека „не е сосема јасно“ дали фотографиите се од исто куче.

Титулите му се привремено одземени

Портпаролката на Гинисовата книга на рекорди Алина Полианскаја потврди дека на Боби му се одземени двете титули во очекување на истрага.

– Додека нашата истрага е во тек, одлучивме привремено да ги паузираме двете рекордни титули за најстарите живи кучиња и тоа само додека сите наши наоди не бидат на место – рекла таа.

Кучето и понатаму се наоѓа на страниците на Гинисовата книга на рекорди.

Боби го живееше целиот свој живот со семејството Коста во селото Конкеирос, во близина на западниот брег на Португалија. До смртта на Боби на возраст од 31 година и пет месеци, најстарото куче во историјата беше Блуи, австралиско куче чувар кое починало во 1939 година на возраст од 29 години и пет месеци.

ФОТО | Запознајте го Боби, најстарото куче на светот: Вчера цело село го славеше неговиот 31 роденден, сопственикот ја откри тајната на долговечноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот