На денешен ден – 5 октомври

1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. 1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур XII изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година. 1713.- Роден е Дени Дидро, …

На денешен ден – 5 октомври Read More »

На денешен ден – 4 октомври

1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од најпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата “Ноќна стража”, “Час по анатомија”, “Христос во Емауд” и други. Роден е во Ленда, на 15 јули 1606 година. 1787.- Роден е францускиот политичар и историчар …

На денешен ден – 4 октомври Read More »

ФОТО | Страшната судбина на тројката разделена по раѓањето: Бизарен експеримент им го уништил животот

Тројцата браќа биле дел од експериментот на психологот Питер Б. Нојбауер, со цел да се следи развојот на децата кои растат во различни социо-економски услови, а резултатите од истражувањето не се познати. Едвард „Еди“ Галанд, Дејвид Келман и Роберт „Боби“ Шафран се родени на 12 јули 1961 година и им се предадени на „Louise More …

ФОТО | Страшната судбина на тројката разделена по раѓањето: Бизарен експеримент им го уништил животот Read More »

На денешен ден – 3 октомври

1796.- Предводени од владиката Петар I Петровиќ Његош, Црногорците на Круси ги победија Турците, а во битката загина скадарскиот паша Махмут Бушатли, кој со 23.000 војници се обиде да ја покори Црна Гора. 1824.- Собранието на Мексико го усвои Уставот со кој државата стана независна. 1835.– Роден е францускиот композитор, пијанист, диригент и оргулист Шарл Камиј Сен Санс, романтичар со …

На денешен ден – 3 октомври Read More »

На денешен ден – 2 октомври

1187.- Арапскиот војсководец и египетски султан Саладин го презеде Ерусалим од христијаните, со што во 1189 година ја предизвика Третата крстоносна војна. 1452.- Роден е англискиот крал Ричард III, кој владееше од 1483 до 1485 година кога загина во битката кај Босворт во борбата со трупите на Хенри VII, основач на династијата Тудор. Со загинувањето на Ричард …

На денешен ден – 2 октомври Read More »

На денешен ден – 1 октомври

1207.- Роден е англискиот крал Хенри III кој на престолот застанал на деветгодишна возраст по загинувањето на неговиот татко Џон, наречен Џон Без Земја. Вистински почнал да владее во 1234 година. 1684.- Умрел францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Пишувал и комедии, религиозни поеми и театарски летературно-теориски статии. Дела: трагедиите „Сид“, „Родогин“, „Никомед“, комедијата „Лажливец“. …

На денешен ден – 1 октомври Read More »

На денешен ден – 30 септември

1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија. 1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм Гајгер кој ги изучуваше радиоактивните супстанци. Во 1928 година ја измисли направата за регистрирање и броење на наелектризираните честици и гама-зраци, односно за мерење на радиоактивноста, позната како „Гаргеров бројач“. 1891.- Францускиот генерал Жорж Ернест Булангер, министер за …

На денешен ден – 30 септември Read More »

На денешен ден – 29 септември

1399.- Кралот Ричард II како прв англиски монарх беше принуден да абдицира, бидејќи престолот му го одзеде неговиот братучед, син на чичко му Хенри Болингброк, кој стана крал Хенри IV. 1518.- Роден е италијанскиот сликар Јакопо Робусти Тинторето, еден од најголемите мајстори на 16. век. Работеше на големи композиции со силни чувства и за најмали ситници. Силно влијаееше врз европските сликари, особено …

На денешен ден – 29 септември Read More »

На денешен ден – 28 септември

1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански сликар. Тој решително прекина со дотогашното идеалистичко интелектуално сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Изврши големо влијание на француското и на холандското сликарство во 17. век. Умре на 31 јули 15010 година. 1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик, словенечки писател и борец за национални идеи и слобода. …

На денешен ден – 28 септември Read More »