ВИДЕО: Шпанците се жалат дека голот на Роналдо требаше да биде поништен
Манчестер јунајтед во петтата минута од судиското надополнување во средата триумфираше со 2:1 против Виљареал во Лигата на шампионите.
Стрелец на победничкиот гол за „црвените ѓаволи“ беше Кристијано Роналдо кој уште еднаш се најде во центарот на вниманието и ги израдува навивачите на „Олд Трафорд“ на чии трибини беше и неговиот легендарен менаџер Алекс Фергусон.
Од друга страна, медиумите и навивачите од Шпанија не можат да се помират со ваквиот резултат, односно сметаат дека голот на Роналдо требаше да биде поништен.
Во овој погодок Роналдо и Џеси Лингард имаа одлична акција, а од еден агол се чини дека Лингард му сметаше на голманот на Виљареал бидејќи падна на ногата.
Was Jesse Lingard offside? pic.twitter.com/NiYaf0frU3
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) September 29, 2021
This is the Ronaldo goal you people said was not difficult? ? it’s easier to talk when you don’t know the pressure pic.twitter.com/H6PolVdFpq
— T H E . S T I F M E I S T E R (@YvngVayder) September 30, 2021
Судиите не донесоа никаква одлука офсајд позиција. Дел од навивачите и забележаа дека врз Лингард беше направен прекршок, па така дури и да го поништија голот на Роналдо, веројатно главниот судија ќе покажеше на белата точка поради фаулот на дефанзивецот на шпанскиот клуб.