Совршен! Рецепт за чискејк со тиква кој мириса на медењаци
Чискејкот од тиква е еден од вкусните гласници на есента кој мириса на цимет, морско оревче и ѓумбир. Рецептот не бара многу труд во кујната, а доколку сакате да го искомплицирате, чискејкот можете да го декорирате со прелив од карамела или крем кој ќе го измешате во шлаг со малку цимет.
Препорачано
Пред да го подготвите колачот, подгответе го пирето, така што ќе ја испечете или сварите тиквата, па ќе ја иситнете. Наместо посебно да додавате зачини, можете да користите мешавина од зачини купена во продавница. Покрај класичните бисквити, можете да користите плазма.
Рецепт за чизкејк од тиква:
База:
– 200 г бисквити
– 1 лажица шеќер
1 лажица кафеав шеќер
1/2 лажичка цимет
120 гр стопен путер
Крем:
– 680 г крем сирење
– г кафеав шеќер
– 100 г шеќер
– 80 г кисела павлака
– 1 и ½ лажичка екстракт од ванила
– 250 г пире од тиква
– 3 јајца
– 1 лажичка цимет
– ¼ лажичка морско оревче
– 1/4 лажичка ѓумбир во прав
Подготовка:
Бисквитите измешајте ги со растопен путер, цимет, кафеав и бел шеќер и притиснете ги во калап за печење (22 см). Ставете ги во фрижидер да се изладат додека го подготвувате кремот.
Измешајте го крем сирењето со двата вида шеќер на средна брзина околу 1-2 минути.
Додадете павлака и измешајте, па додајте екстракт од ванила, пирето од тиква и зачините.
Мешајте додека не се соединат. Измешајте ги јајцата едно по едно. Смесата рамномерно распоредете ја врз подготвената кора. Колачот се пече на 175 степени Целзиусови 40 минути.
Оставете ја тортата да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер и ладете ја 6 часа или преку ноќ.