Жена во тестамент им оставила 2,8 милиони долари на своите миленици: Не сака ништо да им даде на своите деца
Една постара жена од Кина решила своето богатство од 20 милиони јуани (околу 2,8 милиони евра) да им го остави на своите мачки и кучиња, а од тестаментот ги отстранила своите возрасни деца, пишува „Стар“ (Тhestar).
Госпоѓа Лиу од Шангај пред неколку години го напишала својот прв тестамент во кој им ги оставила сите пари и имот на своите деца. Но, во меѓувреме се предомислила бидејќи ниту едно од нејзините три деца не ја посетило кога била болна. Освен тоа, децата ретко ја контактирале.
Во најтешките моменти со неа биле само нејзините миленици – мачки и кучиња. Иако Лиу сакала да им остави пари директно на своите мачки и кучиња, тоа не е легално во Кина, па решила да го префрли наследството на локална ветеринарна клиника, под услов парите да бидат употребени за грижа за нејзините миленици и нивните можни потомци.
Чен Каи, службеник во канцеларијата на Центарот за регистрација во Пекинг Вилс, ја советувал г-ѓа Лиу да најде некој кој ќе ја надгледува ветеринарната клиника за да не се злоупотребат парите.
Друг функционер рекол дека Лиу била предупредена за можните ризици пред да го состави тестаментот. Исто така, ѝ даваат до знаење дека може да ја промени волјата во секое време, доколку се подобри нејзиниот однос со децата.