ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НИВ ДО 35-ТАТА: Убедливо најлошите работни навики

Професионалноста е еден од најважните квалитети кои треба да ги задржите во текот на целата кариера и да се ослободите од детинестите навики.

На возраст од 35 години, најголемиот дел од луѓето веќе имаат цела работна деценија зад себе.

Затоа е важно од следните четири навики да се ослободите пред да ја заокружите својата прва професионална деценија:

Оставање неодговорени мејлови

Работата е стресна, а полниот мејл воопшто не ја олеснува ситуацијата. Како ви е вас, така им е и на другите. Кога добивате мејл, важно е да го одговорите бидејќи некој чека на вашиот одговор.

Избегнување на телефонски повици

Младите луѓе денес преферираат тексутална комуникација пред вербална, но тоа не значи дека треба целосно да го игнорирате вашиот телефон. Дури и многу полесно ќе договорите што и да треба и ќе се разберете со колегите и клиентите преку телефон, наместо тоа да го правите преку пораки и мејлови.

Впуштање во канцелариски озборувања

По некој ситен трач разменет на паузата на кафе може да биде смешен, но внимавајте тоа да не прерасне во озборување или афера. Ако некој ви рече дека кај него во канцеларија нема озборување, бидете сигурни дека лаже. Сепак, држете ја оваа навика во разумни граници.

Постојано извинување

Можеби постојано имате потреба да се извинувате или пак зборот „извини“ веќе влегол во вашиот речник и го користите без да забележите. Ако направите грешка нормално е да се извините, но престанете да го правите тоа само за да избегнувате конфликти или за да смирите некоја ситуација, бидејќи на тој начин зборот го губи значењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот