Ќе ве трогне: Ветеринар откри што прават милениците во последните моменти од животот
![](https://www-test.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2023/09/FotoJet-2023-09-04T111948.127.jpg)
Смртта на секое домашно милениче е емотивен удар за нивните сопственици. Последното збогување со нашите драги животни, со кои сме споделувале радости и таги долги години, може да боли исто како и заминувањето на блиска личност.
Уште потажно е сознанието за она што повеќето миленици го прават непосредно пред смртта, барем онаа што не е природна, односно предизвикана од успивање на ветеринар.
Своевремено Американката Џеси пишуваше на оваа тема. Во разговор со ветеринарот на нејзината мачка, таа открила што прават домашните миленици непосредно пред стручњаците да ги успијат. Тоа се покажа како фундаментален момент во кој, на крајот на краиштата, не сме тука за нашите животни, иако можеби ги сакавме цел живот и внимателно се грижевме за нив.
„Го прашав мојот ветеринар што е најтешкиот дел од неговата работа и тој рече дека тоа е кога треба да успие животно, а 90 отсто од сопствениците не сакаат да бидат во собата кога им дава инјекција. Животните ги поминуваат своите последни моменти барајќи ги своите сопственици и искрено – ова знаење ме скрши“, напиша Џеси на Фејсбук, а нејзината објава стана вирална и кружи на социјалните медиуми со години.
Во коментарите, многу повеќе ветеринари излегоа со слични болни забелешки за горчливиот крај на нашите кучиња и мачки – често тие умираат тажни и сами, очајно барајќи каде е нивниот сакан сопственик и најдобар пријател.