Герасимовски со национален рекорд на пливачкиот митинг „Делфин спринт“
Како што известуваат од ПВК Орион – Скопје, нивниот пливач Василиј Герасимовски постави нов рекорд на меѓународниот пливачки митинг „Делфин спринт“.
Во дисциплината 50 метри слободни, категорија помлади пионери Герасимовски имаше резултат 28,15 секунди. На тој начин го поправи својот стар рекорд кој беше со време од 28,63 секунди.
Покрај рекордот ПВК Орион ја започна зимската сезона со многу медали и четири пехари за најдобри пливачи.
Од претходно е најавено на 10 октомври 2021 година на Олимпискиот базен Центар, клубот ќе го организира четвртиот „Орион Куп мини 2021“ кој оваа година ќе биде со изменета програма, но се останува на заложбата помладите категории на пливачи да бидат застапени и акцентот е ставен токму на тоа.
Поради почитување на протоколите и безбедноста,натпреварот ќе се одржи без присуство на публика.