Девет кривични пријави за палење стрништа во Штипско
Земјоделец од карбинското село Таринци е фатен како пали стрниште. Тоа предизвикало пожар кој вчера е пријавен во Територијалната противпожарна единица и Полициската станица – Штип.
Препорачано
В.В (43) од село Таринци, по собирање на земјоделската култура, го запалил стрништето при што предизвикал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип. По комплетирање на случајот против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, вели портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Панајотова вели дека за седум месеци СВР – Штип има поднесено девет кривични пријави за палење стрништа низ источниот регион. Најголем дел или четири се за сторени седум кривични дела во светиниколскиот регион.
Во текот на вчерашниот ден пожар од заплаено стрниште е предизвикан и во селото Чешиново. Пожарот е локализиран од страна на пожарникарите.