Зоолошката градина Палиќ: Почина лавицата Кики која беше најдена покрај пат во Србија

Зоолошка градина Палиќ/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Во зоолошката градина Палиќ починала лавицата Кики.

– Лавицата Кики повеќе не е со нас. По 15 дена борба, таа ја загуби битката на својот живот, и покрај нашите најдобри напори да ја вратиме. Кики почина на 6 октомври околу 21 часот. Се надеваме дека нема да се повторат вакви случаи на злоупотреба на животни од несовесни „сопственици“, како што е нејзината – изјавија во зоолошката градина Палиќ.

– Случајот со лавицата Кики покажа, за жал, дека се додека има луѓе кои купуваат диви животни за забава, без да ги проверат условите за чување и да знаат дека мора да имаат дозвола за чување добиена исклучиво од Министерството за заштита на животната средина, додаваат во Зоолошката градина.

Малата лавица Кики пред околу две недели беше пронајдена во многу лоша состојба на патот кон Суботица.

– Нејзината тешка здравствена состојба е резултат на несоодветната исхрана во периодот пред приемот. Неухранетоста беше фатална за Кики. Таа има меѓу четири и пет месеци и имала само 9,5 килограми кога била примена. Во тој период би требало да тежи повеќе од 30 килограми! Тоа значи дека или воопшто не била хранета, што сега е тешко да се каже, или потполно неадекватно била нахранета, на пример, со кравјо или некое друго млеко – изјави претходно Соња Мандиќ, директорка на Зоолошката градина Палиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот