ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Риши Сунак во понеделник не става залак во уста, носи ли тогаш здраворазумни одлуки?

Жанета Скерлев/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, деновиве е главна сензација низ англиските медиуми, откако  „Сандеј тајмс“  откри дека тој секоја недела во пет часот попладне престанува да јаде и не става залак во уста до пет часот наутро во вторник, што значи дека не јаде, односно пости 36 часа. Во тој интервал од речиси два дена Сунак пие само вода, чај и кафе без млеко, стои во написот на весникот.

Ние се шегувавме на сметка на Риши Сунак, дали одлуките кои ги донесува во понеделник „мртов гладен“ се важечки или здраворазумни, дали во вторник сабајле кога ќе дојде во канцеларија, му кркори стомакот додека носи важни одлуки за државата, дали решава како што треба – вели за „Слободен печат“ на Слободна ТВ, Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

 

-Научниците во Англија се поделија со ставовите за овој начин на живот, но главно заклучокот е дека постењето е добро. Гладувањето на куси патеки, според повеќето научници е во ред, бидејќи се трошеле резерви од телото – вели Скерлев.

 

Диета

 

Човек треба и психички да биде подготвен за ваков подвиг, вели Скерлев, се обидела да оди по стапките на премиерот, но не издржала.

– Станав понеделник сабајле и решив да пробам, се напив кафе без шеќер, потоа пиев чај, па вода и стигна три попладне и почна да ми крчи стомакот и си реков не. Јас сум сега на гости кај мајка ми, која постојано готви нешто вкусно, се шири убав мирис од кујната, не бев психички подготвена – низ смеа одговара Скерлев.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | д-р Станоевска: Ако имате пациент фанатик во нешто, тоа не е здраво

 

Целото интервју со Скерлев и д-р Ана погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот