ВИДЕОИНТЕРВЈУ | д-р Станоевска: Ако имате пациент фанатик во нешто, тоа не е здраво

д-р Анкица Станоевска/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Автофагијата е една од најпопуларните диети во последните години. Овој начин на исхрана подразбира гладување во континуитет од 16 часа, со задолжителен внес на течности, овде се вклучени и саатите додека се спие, а во преостанатите осум часа од денот можете да јадете. Поголемиот број на лекари го поддржуваат ваквиот начин на живот.

– Јас се почесто се соочувам во мојата амбуланта со пациенти кои се на автофагија или пост, што посебно ме радува. За жал, живееме во едно такво време во кое премногу се јаде, се консумира брза храна, без да се внимава. Поради брзиот начин на живот луѓето се навикнуваат на масовното индустриско производство и се почесто купуваат нездрава храна во кеси или конзерви, оваа храна е полна со многу додатоци, шеќери, многу конзерванси и тоа ги оштетува нашите клетки. Сега со автофагијата пациентите се обидуваат да си го прочистат организамот, како би ги обновиле клетките – вели за „Слободен печат“ на Слободна ТВ,  д-р Анкица Станоевска.

Автофагијата во буквален превод значи „самојадење“, односно кога во организамот не внесувате храна во форма на јаглехидрати, протеини, масти, клетките како извор на храна се претвораат во умирачки и нефункционални клетки, на тој начин се обновуваат и се чисти организамот, објаснува докторката.

– Кога постите на овој начин вие ги отстранувате токсините од вашето тело, со тоа придонесувате за обновување на клетките и предизвикувате побавно стареење на клетките. Дури, постојат мислења дека автофагијата е успешна борба во борбата против карциномот – појаснува Станоевска.

Овој тип на пост можат да го практикуваат само здрави луѓе, нагласува докторката.

– Ако хронично болните посегнат по ваков тип на диета и не внесуваат храна толку долго време можат да предизвикаат оштетување на дигестивниот тракт. Доколку пациентот долго време не јадел, а желудочната киселина се лачи во допир со лекот кога немате подлога т.е храна во желудникот тоа може да предизвика додатни крвавења, притоа да доведе до сериозни здравствени состојби – вели д-р Ана.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | д-р Станоевска: Ако имате пациент фанатик во нешто, тоа не е здраво

 

Начинот на исхрана на британскиот премиер, Риши Сунак, кој гладува вкупно 36 часа во континуитет, секоја недела, докторката не го смета за правилен.

– Вие ако имате пациент фанатик во нешто, тоа не е здраво. Убаво е да имате флексибилност за сопствениот организам и за сите околу вас, но не можете да се однесувате фанатично. Ја почитувам одлуката на Сунак, самоконтролата, но тоа може да биде на кратки патеки, ако постојано го практикувате сигурно ќе си наштетите на здравјето – вели таа.

Целото интервју со д-р Ана и Жанета Скерлев погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот