ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ристевски: Две претстави и два филма на репертоарот на Академска сцена во февруари

Христијан Ристевски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Студентот по актерство на Факултетот за драмски уметности Христијан Ристевски утрово за „Слободен печат“ ја најави програмата на Академска сцена која ќе биде од хуманитарен карактер.

„Репертоарот започнува на деветти февруари со претставата „Да ми го поздравиш и да ми го бациш“ од независната продукција Артопија, на 16-ти имаме проекција на „Нешто слатко“ кој е македонско – словенечка копродукција. Потоа филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на 23-ти февруари и завршуваме на први март со испит од ФДУ на колеги од втора година на Зоја Бузалкова каде како испит ќе ја играат „Вишновата градина“ од Чехов, вели Ристевски.

Ристевски кој е еден од одговорните за одржување на Академска сцена вели дека се ѓто тој и неговите колеги го прават, го прават од љубов кон факултетот и кон театарот.

„Амбициозно влегуваме во приказната сакаме да има се повеќе настани, да има претстави во кои ќе играат сите наши колеги на Академска сцена“ порача тој.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Величковиќ: Од деветти февруари започнува хуманитарна програма на Академска сцена на ФДУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот