ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Величковиќ: Од деветти февруари започнува хуманитарна програма на Академска сцена на ФДУ

Тина Величковиќ /Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Студентите од Факултет за драмски уметности во следната испитна сесија ќе направат репертоар на претстави кои ќе ги играат на Академска сцена, наместо влезници, секој посетител ќе може да остави симболична сума на пари, која откако ќе се собере ќе се пренамени за помош.

Ова го најави Тина Величковиќ, студентка по режија на ФДУ и одговорна за „Академска сцена“.

„Ние не продаваме билет, туку сите доброволно ставаат пари во шеширот пред врата, тие пари ние ги користеиме за да направиме музичка програма, да ги користиме за купување костими и реквизити, нешто што е потребно за испитите. Сега решивме, парите од четирите настани што ќе траат од деветти февруари до први март, да бидат наменети конкретно за Леонид Индов, порача Величковиќ.

Таа кажа дека за Леонид има доста акции, но тој има тешка повреда на `рбетниот столб и се потребни многу пари за операција и за натамошна рехабилитација, а за акцијата имаат поддршка од студентите и професорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот