ВИДЕО | Скандал во Шпанија: Белингем го нарекол Гринвуд „силувач“

Фото: Screenshot

Реал Мадирд во вчерашниот натпревар од Ла Лига славеше победа против Гетафе со 2:0, меѓутоа по овој натпревар најмногу се зборува за вербалниот дуел кој го имаа Џуд Белингам и Мејсон Гринвуд.

Во еден момент камерата го фати Белингем како се обраќа до сонародникот со зборот „силувач“ на англиски јазик. По средбата Гетафе побарал од официјалните лица да ја прегледаат снимката која се рашири и на социјалните мрежи, а ситуацијата била наведена и во извештајот на делегатот, па најверојатно фудбалерот на Реал Мадрид ќе се соочи со санкции.

Ќе потсетиме, Гринвуд во минатото имаше проблеми со законот во Англија откако инфлуенсерката Хариет Робсон го обвини дека е насилен кон неа и дека ја принудувал да имаат секс. Гринвуд беше уапсен, меѓутоа судењето не се одржа бидејќи сите сведоци во случајот на крајот одбија да сведочат. Сепак, на крајот тој го напушти Манчестер Јунајтед и во овој момент настапува како позајмен фудбалер во Гетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот