ВИДЕО: Се запросија осудените во „Софтвери“ по изрекување на пресудата

Фото: Принтскрин

Даниел Станчев, осуден во случајот „Софтвери“ ја запроси исто така осудената Ирена Ивановска по изрекување на пресуда. Двајцата се неправосилно осудени, Станчевски на четири години, а Ивановска на три години и шест месеци.

Обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените меѓу кои и за Даниел Станчев. Трајчева како една од околностите поради кои бара пртвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев во судница зеде збор, ги кажа неговите аргументи против притворот и кога зборуваше околу околноста што нема семејство се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.

Таа стана, му одговори потврдно, по што се бакнаа и прегрнаа. Сите во судницата останаа вџашени од потегот. Судијаката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата обвинети.

Завршни зборови за „Софтвери“: Рашковски ги изнесе аргументите со кои ги побива „седумте теории на Обвинителството“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот