ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | д-р Чадиковски: Кога ќе почине дете, следниот ден не оперираме, ни треба време да се вратиме во нормала

Тој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава. Имал можност да замине надвор од земјата, но останал овде. Држел над 1.500 детски срца во раце, оперира деца кои се штотуку родени. Годинава одбележува јубилеј – десет години откако е формирана Детската кардиохирургија. Доктор Владимир Чадиковски За Утрински печат на Слободна ТВ вели дека секој ден е посебна приказна во неговата работа. Разговаравме за операциите, за возењето мотори, за неговата нова пасија, олдтајмерите.

– Денот почнува со состаноци, се прави програмата за тој ден. Никогаш не знаете како ќе заврши. Децата во нашата болница се оперираат бесплатно, не плаќаат ништо. За 10 години откако ја работам оваа работа ги видов сите предности и недостатоци. Најбитно е кога ќе дојде родителот да остави дете за операција да види систем, а не мене само како доктор. Ако нема контакт и доверба дете, лекар, родител, тогаш нема успех- вели Чадиковски.

На прашањето кој е најмалиот опериран пациент, Чадиковски вели дека успехот се мери со стапката на морталитет. Оваа година имале само еден смртен случај , но може лесно да се случи до крај на годината да имаат пет отсто смртни случаи, колку што е европскиот просек.

– Може лесно да се случи да се стигне или надмине европскиот просек доколку има тешки операции. Многу е тешко е да се направи еден солиден тим во ваква област како кардиохирургијата. Тешко е и за сестри и за лекари, но и за помошен пресонал. Треба минимум една година да се обучи. Но секако сега најголем бенефит имаат децата бидејќи направивме цел систем. Одделот сега се зголемува бидејќи не се оперираат само бебиња туку и деца. И тоа е операција која не е за цел живот. Срцето се менува како растат децата и скоро секогаш имаме втора операција- вели докторот.

Тој објаснува дека кај бебиња има долг период на опоравување. Вели дека не се работи дали имаат поголем капацитет на работење или не. Треба да има оптимален број на деца за да се опорават.

– Ако има преголем број на пациенти, нема квалитет. Во секоја операција има срце кое не чука. Кога ќе направите бајпас, срцето не работи. Отварате, работите и се надевате дека се ќе помине во најдобар ред. Секогаш сме во грч. Неможете да бидете лабав. Се следи состојба според операција, прв ден после операција, опоравување- вели Чадиковски.

На прашањето кој е најмалиот пациент вели дека телесната тежината и возраста не се мерат со тежината на операцијата. Во однос на наследникот во професијата објаснува дека има специјализант во моментов и се надева дека тој ќе биде подобар од него.

-Тој ќе го има правиот пат на усовршување за разлика од мене. Јас сум основоположник на Детската кардиохирургија. Додека работев во Клинички центар во тамошниот оддел имам донесено се, од штравче до најсовремени апарати- вели Чадиковски.

Една година пред да почнат со работа собирал донации за се. Не знае што се случува сега со тие простории.

– Таму навистина многу се вложи и во апарати и во услови за работа. Со мене заминаа петорица од тимот. Од оваа дистанца незнам дали би го правел тоа повторно, дали би собирал донации. На Клиника најголем проблем е шетањето по улици на пациенти. За една снимка цела организација треба- вели докторот.

За себе вели дека доколку не бил лекар верува дека ќе бил гитарист или ќе се занимавл со нешто поврзано со музика.

– Често слушам музика. Најверојатно ќе свирев гитара и ќе градев музичка кариера- вели докторот.

Сега има нова пасија, моторите и возењето на мотор. Вели дека му се издувен вентил и пасија. Но покрај моторите колекционер е и на олдтајмери.

Не се само моторите туку и со колите. Имам пет постари мотори и пет олтајмери. Правењето и склопувањето се посебна процедура- вели Чадиковски.

Со докторот во интервјуто разговаравме за уживањето, на возењето на олдајмерите низ градов и државата, за слободното време, но и за отсуствата од дома кога најмногу трпи семејството.

Целото интервју гледајте го на Слободна ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот