ВИДЕО АНКЕТА| Вештачката интелигенција кај нас малку се користи, младите велат дека ја уништува креативноста

Фото: Драган Митрески

Студентите знаат многу за вештачката интелигенција, дел ја користат во секојдневното учење, во собирање на информации, но сите се согласни дека Македонија е далеку под европскиот и светскиот просек на користење

Живееме во време кога развојот на вештачката интелигенција отвора многу опции. За некои ова е страшно, а за други нормално и потребно. „Слободен печат“ ги праша младите каков е нивниот став околу користењето на вештачката интелигенција, колку лично ја користат и колку истата се користи во Европската Унија? Побаравме став за тоа како развојот на технологијата ќе влијае врз нивното работење и како да се извлече корисното, а да се препознае она што е штетно.

Дел од анкетираните велат дека знаат доста за вештачката интелигенција, дел ја користат во секојдневното учење, во собирање на информации, но сите се согласни дека Македонија е далеку под европскиот и светскиот просек на користење.

-Малку се користи кај нас вештачката интелигенција, државата нема пари и можност да вложува во истражувања за неа. Не сум сигурна колку се користи во ЕУ- вели една студентка на ФИНКИ.

Нејзина колешка вели дека има луѓе кои ја користат пример за пишување есеи, ако не знае да пишува студентот, тука е вештачката интелигенција која му дава форма како треба да изгледа, се бараат теми, информации.

-Но некогаш податоците се точни и дава точни информации, некогаш не. Така да не треба да се верува 100 отсто на вештачката интелегенција- велат младите.

На прашањето дали има злоупотреба на лик или глас, музика на познати личности, студентите велат дека се почесто се прави тоа.

– Лошо е што нема да има артисти, музичари, со текот на времето ќе можат да се заменат со вештачка интелигенција- вели една студентка.

Друг  студент објаснува дека тој не ја користи.

– Не знам статистика за употребата во ЕУ. На запад многу се користи. За факултет знам дека ја користат за семинарски, проекти, но сите информации се исти и ќе ги имаат сите, ќе нема истражувања, пасивни ќе не направи. Македонија не е до степен на таков развој за да има лабаратории за вештачка интелигенција- вели една млада скопјанка.

Еден од студентите вели дека користел Четџипити.

– Но знам дека и многу се злоупотребува. Може да се злоупотреби за ширење на лажни вести, лажни информации, фотографии- вели студентот.

Друг објаснува дека ги тестирал алатките, но не ги користи.

-Во ЕУ и САД вештачката интелигенција се користи за работа и за студии, кај нас многу помалку. Околу корисноста зависи, најчесто од тоа за што се користи. По социјални мрежи има видеа кога се користат јавни личности за ставови кои не се нивни. На ваков начин се уништува креативноста на луѓето- велат студентите.

Целата анкета на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете ја овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот