ВИДЕО АНКЕТА| Од десет анкетирани, три заболени од рак на дојка- жените свесни за опасноста од рак на дојка

Фото: Методи Здравев

Месец октомври е месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. „Слободен печат“ ги праша жените колку се свесни за ракот на дојката и дали одат на редовни прегледи. Голем дел од анкетираните велат дека знаат за редовните прегледи, редовно посетуваат лекар и прават контроли, а меѓу анкетираните имаше и жени кои на своја кожа ја почувствувале голготата која ја носи оваа опасна болест.

-Свесна сум многу, затоа што секоја година, не одам на ехо, а секоја втора втора година на мамографија. Тоа е задолжително за жени од над четириесет години и за тие кои што имаат одредени болести, кои што се поврзани со женското здравје- вели една скопјанка.

Друга е со исто мислење, но таа контроли прави на две години. Повозрасна госпоѓа вели дека е оперирана од канцер. Почувствувала грутка со големина на  јајце, почнала раката да и трне. Но приказната имала среќен крај, сега е здрава.

На прашањето што мисли дека треба да се направи за да се подигне свеста за рак на дојка во нашата заедница?- жените велат дека треба да се организираат прегледи за мамографија.

– Слушам дека за нив се чека многу. Јас сакав да правам, но се откажав бидејќи требаше да чекам многу. Неажурноста на здравството си го прави своето- вели една скопјанка.

Друга вели дека заболени од рак има многу, затоа што не се прегледуваат превентивно.

-Свеста кај жените кај нас е премногу мала. Треба здравствените работници да пропагираат, вие телевизиите да имате емисии кои што ќе ги едуцирате жените да одат редовно на преглед- вели госпоѓата.

Една од нив вели дека работела со пациенти со рак на дојка.

-Мислам дека е во подем, многу има пациентки со рак на дојка, ми се чини дека се зголемува бројот- вели скопјанката.

Целата анкета на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете ја овде: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот