Трговските конфликти ја загрозуваат кревката светска економија

фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Во овој момент, со забавувањето на глобалниот раст и сè поголемите проблеми на многу земји со долговите, не е време за економска „самоексплоатација“ на трговските војни.

Со овие зборови светската јавност ја предупреди iзвршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

„Од клучно значење е да се избегне погрешната политика, а тоа особено важи за трговијата. Мораме да ги избегнеме раните кои самите си ги нанесовме, како царините и другите ограничувања“, рече Лагард на конференцијата на отворањето на Пролетната средба на ММФ и Светска банка.

Видео на денот