Трансферот на Елмас во Лајпциг четврти најголем во Европа во зимскиот преоден рок
Зимскиот преоден рок во најсилните првенства во Европа заврши без некој посебно спектакуларен трансфери, имаше шпекулации, но на крајот не се случи ништо спектакуларно.
Очигледно најголемите клубови во Европа одлучија да инвестираат во млади фудбалери и да се чуваат за летниот преоден рок во кој вообичаено има поголеми трансфери. Сепак, во минатото сведоци сме биле како големи имиња менувале клубови и во јануари, но сега тоа не беше случај.
Најскапиот трансфер го направи Барселона која плати 40 милиони евра за Витор Роке, зад него следуваше Саша Боеј кој од Галатасарај се пресели во Баерн за 30 милиони евра, додека Раду Драгушин потпиша за Тотенхем за сума од 25 милиони евра.
На четвртото место се најде трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во потрага по поголема минутажа го напушти Наполи и направи трансфер во германски Лајпциг за 24 милиони евра. Во топ пет се уште трансферите на Ренан Лоди од Марсеј во Ал Хилал и Адам Вортон кој Блекбурн го замени со Кристал Палас.
НАЈГОЛЕМИТЕ ДЕСЕТ ТРАНСФЕРИ ВО ЕВРОПА ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК
Витор Роке (Атлетико Параненсе – Барселона) – 40 милиони евра
Саша Боеј (Галатасарај – Баерн Минхен) – 30 милиони евра
Раду Драгушин (Џенова – Тотенхем) – 25 милиони евра
Елиф Елмас (Наполи – Лајпциг) – 24 милиони евра
Ренан Лоди (Марсеј – Ал Хилал) – 23 милиони евра
Адам Вортон (Блекбурн – Кристал Палас) – 21,1 милиони евра
Лукас Бералдо (Сао Паоло – ПСЖ) – 20 милиони евра
Габриел Москардо (Коринтијанс – ПСЖ) – 20 милиони евра
Артур Вермирен (Антверпен – Атлетико Мадрид) – 18 милиони евра
Сирил Нгонге (Верона – Наполи) – 18 милиони евра