Тошковски ќе ги наградува вработените во МВР кои ќе помогнат за полесно издавање на лични документи

Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски побара помош од полициските синдикати во надминување на предизвиците во делот на издавање лични документи. Тошковски најави дека, сите вработени во полиција, кои ќе помогнат во решавање на овој проблем, ќе бидат наградени.

Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес, се вели соопштението од МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија, соопштија од МВР.

На средбите министерот Тошковски ја изразил својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочил дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока, се наведува во соопштението, ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

Од страна на раководителите, министерот Тошковски бил запознаен со структурата и работата на синдикатите и била изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството.

„Државен притвор“ за сите со стари пасоши и лични карти, голготата за документи ќе потрае и по 12 февруари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот