Топ пет најскандалозни разводи на познатите личности
Разводите и раскинувањата во светот на богатите и славните не се воопшто ретки, a меѓу нив има парови кои не се разделиле на достоинствен начин полн со меѓусебна почит.
Ова се едни од најскандалозните разводи на светски познатите ѕвезди. Многу од овие поранешни сопружници сè уште не се во добри односи, додека некои успеале да ги подобраат односите и да продолжат со животот.
Доналд и Ивана Трап
Овој пар беше заедно 14 години и изградија вистинско царство со заеднички труд и идеи. Сепак, на сето ова му дојде крај во деведесетите, кога излезе аферата на Доналд со Марла Мејплс. Набрзо, Ивана побара развод и доби огромно богатство од нејзиниот поранешен сопруг. Исто така, таа ги откри мрачните страни на Доналд, велејќи дека била злоставувана во текот на бракот.
Џони Деп и Амбер Херд
Парот беше во брак само 15 месеци, кога актерката ја започна процедурата за развод, обвинувајќи го Деп дека ја малтретирал. Таа објави дотогаш невидени фотографии и видеа со кои тврдеше дека актерот ја тепал и злоставувал. Целиот случај заврши на суд, кој на крајот беше во корист на Џони Деп.
Принцот Чарлс и принцезата Дијана
Една од најпознатите венчавки на 20 век несомнено е на принцот Чарлс и Дијана. Сепак, среќата во нивниот брак не траеше долго, па во 1996 по предлог на крализата Елизабета започна постапката. Во тој период Дијана јавно го обвини Чарлс дека ја изневерувал во текот на нивниот брак со пријателката Камила. За жал, набрзо по целиот случај таа загина во сообраќајна несреќа и не успеа да ужива со животот како слободна жена.
Деми Мур и Ештон Кучер
Бракот на оваа позната двојка долго време изгледаше како идеален, иако постоеше разлика во нивната возраст. Но, по одреден период започнаа гласини дека Ештон ја изневерува актерката. Набрзо по тоа, Ештон покрена постапка за развод, а во меѓувреме живееја и одвоено. Откако се разведоа, Деми објави автобиографија во која откри дека актерот ја присилувал на секс во тројка.
Џенифер Анистон и Бред Пит
Оовј омилен холивудски пар веше во брак пет години, но во нивниот живот се замеша славната Анџелина Џоли, па набрзо по тоа тие се разведоа. Бред ја запозна актерката на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, а само по една година Анџелина беше бремена со нивното прво дете Шајло.