Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ

Фото: Инстаграм, Нермин Сулејмановиќ/ Полицајци во Босна / фото: Профимедиа

Никој , дури ниту неговиот татко, не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. .

Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „ Не ме интересира тоа г***о“.

Полиција на Босна и Херцеговина / Фото: Профимедиа / Принтскрин

Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивната ќерка, пренесувајќи се во живо на Инстаграм.

Откако го убил Низама, тој убил уште две лица во градот, татко и син, Џингис и Денис Ондер, кои ги познавал од порано.

Во крвавиот поход Сулејмановиќ рани три лица, меѓу кои и мајката на Денис.

Убиената Низама / Фото Социјални мрежи

Неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во Мионица кај Градачац. а на погребот присуствуваа повеќе од илјада луѓе.

Турските државјани Денис и Џенгис се погребани погребани денеска, додека мајката на Денис се уште е во болница и се наоѓа во тешка состојба и животна опасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот