Капитенот Енис Барди: Македонија е мала земја, но има 11 срца кои гинат на теренот
Македонија излезе како непоразена во Скопје против актуелниот европски шампион Италија (1:1) во квалификациите за следното ЕП 2024.
Нашите фудбалери на лошиот терен на Националната арена „Тодор Проески“ го дадоа максимумот, покажаа дека може да играат и против најдобрите играчи во Европа.
Енис Барди, кој ја носеше капитенската лента, во 81 минута имаше фантастичен слободен удар за кој Енис Бардинемаше решение еден од најдобрите светски голмани, Џанлуиџи Донарума.
– Оваа „банда“ секогаш е подготвена за нешто големо, тоа го направивме во минатото. Само треба да веруваме во тоа дека можеме да направиме големи нешта. Секогаш сум кажувал дека, да, дека Македонија е мала земја, но има 11 срца кои гинат на теренот, и тие кои добиваат шанса од клупата. Значи, целиот репрезентативен тим треба да биде „гладен“ како што на овој натпревар против Италија – рече Барди.
Следниот дуел избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го имаат на 12 септември (вторник) со почеток од 20.45 часот на гостувањето против Малта.
Елмас: Натпревар за почит, покажавме дека можеме да играме против Италија