Израелски министер му возврати на Папата Франциск: Очекував осуда за тетористичките акции на Хамас

Ели Коен / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, испрати порака до Ватикан „очекував Ватикан да излезе со јасна и недвосмислена осуда на убиствените терористички акции на терористите на Хамас кои повредија жени, деца и повозрасни лица само поради фактот дека се Евреи и Израелци“.

„Неприфатливо е дека дадовте изјава во која изразивте загриженост првенствено за цивилите во Газа додека Израел закопува 1.300 мртви“, рече Коен, според израелското Министерство за надворешни работи.

Папата Франциск зборуваше ден по масакрот во Израел.

„Со вознемиреност и тага го следам она што се случува во Израел. Ја изразувам мојата солидарност со роднините на жртвите и се молам за сите оние кои доживуваат часови на страв и вознемиреност“, рече Папата.

Денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повтори повиците до палестинското движење Хамас да ги ослободи израелските заложници. Тој повика на создавање хуманитарни коридори за помош на оние кои се под опсада во Газа.

„Продолжувам со голема тага да го следам она што се случува во Израел и Палестина“, рече Франциск во своето неделно обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар.

Папата го повтори апелот за ослободување на десетици израелски заложници киднапирани за време на смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел минатиот викенд и одведени во Газа.

„Апелирам децата, постарите, жените и сите цивили да не станат жртви на конфликтот“, рече Франциск.

Папата додаде дека хуманитарното право мора да се почитува, „особено во Газа каде што има итна потреба да се гарантираат хуманитарни коридори и да се спаси целото население“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот