Изненадување од НБА: Леброн може да замине од Лејкерс?!
Лос Анџелес Лејкерс би можеле да го трејдуваат Леброн Џејмс пред завршувањето на преодниот рок во НБА (8. февруари).
НБА екипите имаат можност да трејдуваат до 8. Февруари 21:00 часо, а сега се најавува дека до тогаш може да видиме трејд на Леброн.
Според информациите на американскиот новинар на телевизијата КТЛ 5, Дејвид Пингалор, Леброн се наоѓа на листата играчи кои во наредните денови би можеле да ја променат средината.
Hearing from @nba peeps @KingJames is the top of the @Lakers list to trade the 39 year old. Pelinka is looking for the right team to dance with and is close to a suitor Lbj and AD both out tonight. @KTLA @KTLA5SPORTS #nba #Lakers
— David pingalore (@DavidPingalore) February 1, 2024
Веста звучи неверојатно, но бидејќи е објавена од Пингалор тогаш не треба да се занемарува. Имено, станува збор за новинар кој од почетокот на кариерата го следи Џејмс, уште од времето во Кливленд во 2003 година.
Во 2012 година најави дека Џејмс две години подоцна ќе се врати во Кливленд и тоа се случи. Потоа и во 2018 година најави дека ќе пристигне во Лејкерс…Исто така го најави и доаѓањето на Кавај Ленард во Клиперс во 2019 година.
Наводно со оглед на тоа дека Леброн има 39 години газдата Роб Пелинк сакал да го трејдува за полека да почне да создава нови Лејкерси.