ФОТО | Анџелина Џоли направи мистериозни тетоважи на средните прсти, фановите мислат дека се за Бред Пит

Фото: EPA/Инстаграм/„Мистер Кеј“

Американската актерка Анџелина Џоли има десетици тетоважи на своето тело, а секоја од нив има посебно значење за неа.

Познатиот тату-артист „Мистер Кеј“ од Њујорк објави замаглена фотографија од новите тетоважи на актерката, која решила да ги направи на двата средни прста.

„Сѐ уште не ми се верува дека, всушност, јас ѝ ја допрев раката и ја тетовирав. Дали можете да погодите што истетовира таа?“, напиша артистот во описот на фотогафијата.

Фото: Инстаграм/„Мистер Кеј“

Бројните обожаватели на Џоли веднаш почнаа да ги пишуваат своите претпоставки, а најчеста е онаа дека тетоважите се некоја пцовка упатена кон поранешниот сопруг на актерката – Бред Пит.

Но, „Мистер Кеј“ ги демантираше и искоментира: „Нема врска со Бред Пит“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Како потсетување, Бред Пит и Анџелина Џоли се запознаа на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“ во 2004 година. Во тој период, Пит сѐ уште беше во брак со актерката Џенифер Анистон, со која се раздели во јануари 2005 година, a официјално се разведе во октомври истата година.

По десетгодишна врска, исполнета со многу јавни појавувања и неколку заеднички деца, Пит и Џоли стапија во брак во 2014 година. Две години подоцна, Џоли поднесе барање за развод.

Тие имаат шест заеднички деца – 21-годишниот Медокс, 19-годишниот Пакс, 18-годишната Захара, 17-годишната Шајло и 14-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Анџелина Џоли и Бред Пит
Анџелина Џоли и Бред Пит во 2012 година / Фото: EPA/PASCAL LE SEGRETAIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот