Евровизиски скандал: Почна истрага за изборот на словенечката песна, уредникот на натпреварот поднесе оставка

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Вања Вардјан, уредник на натпреварот и главен уредник на забавната програма на Јавниот сервис на Словенија поднесе оставка, откако се појавија наводни неправилности во изборот на словенечката песна за Евровизија. Со случајот се занимава и КПК (Комисијата за спречување на корупцијата), пишува „Н1“.

Директорката на телевизијата на Словенија (ТВ СЛО) Ксенија Хорват веќе ја прифати неговата оставка. Варѓан поднесе оставка со цел да обезбеди непристрасно испитување на фактите во спроведувањето на проектот за Песна на Евровизија и поради грижа за доброто на РТВ СЛО, Изборот за песна на Евровизија и избраниот изведувач. Од Јавниот сервис велат дека во текот на истрагата досега не се забележани знаци на коруптивни активности.

„Сепак, мора да се спроведат процедури за да се идентификуваат можните неправилности. На јавното радио и телевизија посочуваат дека видеото на словенечкиот претставник Рејвен досега достигна речиси половина милион прегледи“, велат до телевизијата.

Според словенечките медиуми, ова може да стане сериозен скандал. Наводно, Изборот на песна за Еврвизија не се одржал како што беше најавено. Во изборот дури на крајот се вклучи и меѓународното жири, кое беше најавено како тело кое ќе ја избере песната, а словенечката јавност ниту ги виде, ниту ги слушна другите песни кои влегоа во конкуренција, иако беше објавено колку бодови се добиени од членовите на жирито.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот