Загреб го ,,скрши” отпорот на Еурофарм Пелистер во второто полувреме

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Денес Еурофарм Пелистер го играше натпреварот во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите, а противник им беше екипата на Загреб. На гостувањето во Хрватска битолскиот состав забележа бов пораз и тоа од 27:18

Првото полувреме донесе максимално изедначена игра, па така по стартните 2:0, домаќинот само уште еднаш поведе со два гола разлика (5:3) некаде кон средината на овој прв дел. Еурофарм Пелистер водеше само еднаш и тоа со серијата 3:0 по тоа водство на хрватскиот тим од 5:3.

Во продолжение се играше гол за гол со по некоја одбрана на голманите, па на пауза се замина со 10:10.

Второто полувреме донесе комплетно разлилна слика на теренот. Отпорот на пелистерци како што минуваше времето стануваше се послаб, а разликата сњ зголемуваше.

На крајот домаќините славеа победа и од девет гола разлика. За Еурофар Пелистер ова беше петти пораз во исто толку натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот