ВИДЕО: Во Скопје се врати групата македонски работници кои беа во најкритичното подрачје во Израел

11-те македонски работници од Рамалах преку Тел Авив се вратија во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На скопскиот аеродром со групата од стотина македонски државјани се вратија и 11-те работници кои преку македонска фирма работеа на палестинска територија, во Рамалах на Западниот Брег кога во саботата започнаа терористичките напади и воените дејства во Израел.

Во наредните два дена овие 11 македонски работници успеале да дојдат до Тел Авив од каде со денови чекаа да се организира превоз до Македонија, кој се случи денеска со авион на Ер Србија, со кој покрај Македонци, од Израел се евакуираа и српски и црногорски државјани.

Со заедничка организација на трите влади и нивните амбасади во Израел со чартер лет во Скопје допатуваа околу 130 патници, кои на скопскиот аеродром беа пречекани од блиските роднини и семејствата кои со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на летот, по една седмица помината во неизвесност и исчекување.

„Слободен печат“ беше на скопскиот аеродром и разговараше со дел од македонските и српските државјани кои се вратија од Израел, а за тоа како течело извлекувањето на групата од 11 македонски државјани од кризното подрачје во Западниот брег сведочи Константин Бундалевски.

-Имаше добри луѓе и меѓу Палестинците и меѓу Израелците кои ни помогнаа безбедно да дојдеме до Тел Авив и не сместија додека го чекавме авионскиот превоз во Скопје. Поради паниката која се појави таму, нашата фирма ни купи карти но овие комерцијални летови се откажаа, па МНР ни овозможи да се качиме на овој лет и да стигнеме до Скопје, вели Бундалевски за „Слободен печат“.

Последниве денови во Тел Авив е многу мирно, додава тој.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот