ВИДЕО| Пожар на плоштадите, трактори на улиците: Протестот на земјоделците го блокираше Брисел
Трактори на плоштадите, пожари околу спомениците и блокиран сообраќај во центарот на градот – ова се сликите кои од утрово пристигнуваат од Брисел каде втор ден по ред се одржува голем протест на земјоделците.
Агенциите јавуваат дека дека пред зградата на парламентот се запалени големи пожари, дека пепел лета на сите страни, а во тој дел од градот се е блокирано.
Belgian farmers have set piles of manure ablaze in front of the EU Parliament building in Brussels. The fire rises. pic.twitter.com/9HT2vgC3fn
— Ian Miles Cheong (@stillgray) February 1, 2024
Според The Times од Брисел, земјоделците на повеќе од 1.000 трактори се собрале во знак на протест, што предизвикало прекин на сообраќајот околу плоштадот Луксембург.
??? Belgian farmers have joined the French protests against the decline of the country’s agriculture. Over 100 tractors blocked four main highways in Belgium. Traffic is stopped on the highway connecting Brussels and Paris at various intersections. pic.twitter.com/vqaFXBmOyb
— ?pocalypsis ?pocalypseos ?? ?? ? (@apocalypseos) January 29, 2024
„Сега на плоштадите има околу 1.000 трактори“, изјави портпаролот на градската полиција во Брисел, додавајќи дека во целиот град има околу 1.300 такви возила.
Затворени се неколку клучни патишта и тунели во градот.
Во четвртокот наутро, центарот на Европскиот кварт, вклучувајќи го и плоштадот Луксембург, исто така беше затворен од полицијата бидејќи земјоделците ги окупираа овие улици.
?? Fermeture de la place du Luxembourg et des rue adjacentes #Bruxelles.
?? Afsluiting van het Luxemburgplein en de omliggende straten #Brussel. https://t.co/qmbAbDcjEV
— PolBru (@zpz_polbru) February 1, 2024
Најголем дел од земјоделците се млади Белгијци од југот на земјата, но има и земјоделци од странство, вклучително и Италија.
Во околните улици има масовно полициско присуство.
Во четвртокот наутро, околу 09:00 часот, полицијата констатирала дека се се одвива без проблеми и дека досега немало никакви инциденти.
Belgian farmers have set piles of manure ablaze in front of the EU Parliament building in Brussels. The fire rises. pic.twitter.com/9HT2vgC3fn
— Ian Miles Cheong (@stillgray) February 1, 2024
Но, на самиот плоштад Луксембург, кој се наоѓа пред Европскиот парламент, гореа два големи пожари и беа испразнети колички со измет.
Има информации и за земјоделци кои фрлаат јајца кон главната зграда на парламентот.
Земјоделците почнаа да ги блокираат автопатите во неделата и продолжија да го попречуваат сообраќајот на клучните белгиски патишта во понеделник, вторник и среда.
Протести беа одржани и во пристаништето Антверпен, што резултираше со блокирани премини, спречувајќи ги бродовите да продолжат.