ВИДЕО | Ирска европратеничка во фудбалски дрес среде ЕП ги критикуваше ставовите на Фон дер Лајен околу Израел

Ирска европратеничка во фудбалски дрес среде ЕП / Фото Твитер принтскрин

Ирската европратеничка Клер Дејли на вчерашната седница во Европскиот парламент упати остри критики кон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен околу нејзините ставови околу состојбата во Газа.

Дејли, облечена во фудбалски дрес од ирскиот прволигаш Бохемиан, изјави дека таа, како и Република Ирска, не се согласува со мислењето на претседателката на ЕК.

„Како може претседателката Урсула фон дер Лајен да каже дека Европа стои со Израел? Таа не може да каже за мене, таа не може да каже за Ирска, таа не може да каже за европските жители. Ние сакаме мир, слобода и меѓународни права за Палестинците. Време е да си замине“ изјави Дејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот