ВИДЕО: Гори една од најголемите зоолошки градини во Европа

Фото принтскрин

Голем пожар во реонот на зоолошката градина во Ростов на Дон. Спасувачите се справуваат со пламените јазици.

Целата површина на градината е единствена рекреативна област во границите на градот со вкупна површина од 56,97 хектари.

Зоолошката градина во Ростов на Дон е една од најголемите во Русија и во Европа, а во неа е една од највредните збирки на животни, пишува руската државна новинска агенција ТАСС.

Ростов беше еден од градовите за кој водачот на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека го зазел за време на саботниот бунт во Русија, од кој подоцна во текот на денот се откажа. За време на бунтот, во градот избувна пожар во зграда што ја користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Драматичната снимка објавена на социјалните мрежи покажа голем пожар кој проголта делови од зградата, а чадот беше видлив низ целиот град. Жители на Ростов изјавија дека слушнале силна експлозија пред пожарот.

ВИДЕО | Гори зграда на ФСБ во рускиот град Ростов на Дон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот