ВИДЕО | Бодибилдерот обвинет за тројно убиство се вклучи во живо: Го призна злосторството и најави уште убиства
Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата додека пренесувал се во живо на Инстаграм, штотуку им се обрати на своите следбеници во живо додека полицијата трага по него.
Препорачано
Тој признал дека при бегството убил уште две лица, татко и син, бидејќи му се испречиле на патот.
– Пукав во полицаецот но тој побегна од мене, не можев да го фатам. Бебето е безбедно. Предупредив дека ќе дојде до ова, но никој не ме разбра сериозно. Не сум дете за некој да крие бебе од мене и ме пријавува во полиција. Сакав само семејство, сега ќе има бебе без двајцата родители – изјави Сулејмановиќ за време на директен пренос на Инстаграм.
Bolest ljudi! Čovek pobio ljude pa se uključio na lajv pic.twitter.com/RJPAmKaiok
— Apokaliptick (@Apokaliptick) August 11, 2023
Во еден момент ги замолил своите следбеници да му кажат колку луѓе всушност убил, бидејќи е сигурен за жената и уште двајца, но не е сигурен за полицаецот.
– Ова не се мои први убиства, но луѓето не ме сфаќаат сериозно. Не зборувам многу, но овој пат ги предупредив сите по ред дека ќе дојде до ова. Осум дена го криеше моето дете – рекол бодибилдерот, а се претпоставува дека се мисли на неговата сопруга.
Пред да оди во живо, тој им рече на следбениците: „Имам повеќе луѓе да убивам, само да наполнам!“
Потерата по него е во тек, специјалци се на терен.
Осомничениот бил член на нарко-бандата на Емир Коџаг.
Полицијата апелираше до граѓаните да не се движат, да се засолнуваат, да не излегуваат на улица бидејќи осомничениот се уште е во бегство.
Маж од Босна ја убил сопругата, убиството го пренесувал во живо на Инстаграм