ВИДЕО- АНКЕТА: Граѓаните знаат за опасните дуксери, за децата преферираат памучна облека

Граѓаните главо се информирани дека на пазарот кружат опасни играчки и облека која може штетно да делува врз нивните деца. Во анкетата која ја направи Слободен печат на прашањето каква облека купуваат за нивните деца одговараат дека многу внимаваат на квалитетот и потеклото.

– За децата само квалитетно и проверено. Секогаш читам етикети и декларации, многу внимавам кој е производителот. Скоро секогаш кога има избор купувам македонски бренд и гледам секогаш да е памучно- вели една скопјанка.

Дел од нив не слушнале дека има опасна облека на пазарот запленета од Пазарниот инспекторат. Но најголем дел велат дека знаат за опасните играчки и облеката која е со потекло од Кина и Турција.

– Секогаш гледам на потеклото, не купувам облека со врвки околу вратот. Играчки за внуците купувам само од лиценцирани продавници- вели друга скопјанка.

Погледнете ја целата анкета на „Слободен печат“ на колешката Агнеса Чаволи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот