Судот во Хаг денес ќе донесе одлука за тужбата на Украина против Русија

Меѓународен суд на правдата / Фото EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска треба да донесе одлука за јурисдикцијата во случајот што Украина го покрена против Русија по инвазијата на таа земја пред две години.

Украина ја тужеше соседната земја пред највисокиот суд на Обединетите нации непосредно по руската инвазија на 24 февруари 2022 година, обвинувајќи ја Москва за кршење на условите од Конвенцијата за геноцид.

Русија силно ги отфрла обвинувањата и бара случајот да биде отфрлен.

Москва рече дека Украина го користи случајот како заобиколен начин за да ја добие пресудата за законитоста на руската воена операција.

Украина во нејзиното барање пред судот на ОН ја поддржуваат 32 западни сојузници, вклучително и бројни европски земји и Австралија и Канада.

Судот веќе издаде вонредни мерки во март 2022 година за овој случај, наредувајќи и на Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина, што Москва го игнорираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот