Руските воени стратези изненадени- очекуваа контраофанзива, но се покажа дека Украина има друг план

Тенк „Челинџер“, дониран од Британија за украинската војска / фото: Украинско министерство за одбрана

Цврстата одбрана на Бахмут беше очигледно стапица за руската воена машина. Украинскиот контранапад, северно и јужно од Бахмут, ја потврдува претходно наведената претпоставка. Иако воведувањето на украинските резерви беше планирано пред повеќе од еден месец, лошите временски услови спречија употреба на моторизирани сили.

Украинските сили, кои, западно од Бахмут, чекаа наредба за напад веќе пет недели, сега започнаа широк контранапад од две страни јужно и северно од градот. Секоја рута на контранападот се состои од координирани напади однадвор и внатре во гребенот Бахмут. Дали овие украински напади ќе се развијат во двоен сеопфатен маневар околу градот, кој главно е под руска контрола, сега е тешко да се предвиди.

Фото: Твитер

Руската одбрана е поблиску до колапс отколку до стабилизација

Првиот контранапад на украинските сили започна на 9 мај јужно од Бахмут. Силите на 3-та украинска јуришна бригада ги пробија руските позиции јужно од Иванивс

Од запад, во правец на Клишчивка, беше постигнат пробив на позициите кои ги држела руската 72 моторизирана бригада и приватната формација Вагнер, наведуваат западните разузнавачи И двете руски единици морале да се повлечат , а платениците на Вагнер биле првите на удар од Украинците

Руска војска/ Фото: МИА

Руски напуштени ровови со многу опрема и стотици неискористени противтенковски мини. Припадниците на руската 4-та моторизирана бригада почнале да се повлекуваат кога виделе дека и нивните колеги ги напуштаат позициите. Платеничките сили на Вагнер и формациите на руските воздухопловни сили се обидуваат да воспостават одбрана западно од Клишчивка.<

Планинскиот терен западно од населбата овозможува поволни услови за организација на одбраната. 

Сепак, на овој дел од фронтот руската одбрана е поблиску до распаѓање отколку до стабилизирање на линиите, наведуваат бртианските воени разузнавачи.

Украински војници на пат кон Бахмут / Фото: EPA-EFE/STR

Што е потребно за успех на пролетната офанзива?

Според последните извештаи украинските сили почнале да вршат офанзивни операции ноќе. Не се работи само за операции на специјалните сили, туку за редовни трупи. Се повеќе е очигледно дека тие се опремени и обучени од инструктори од членките на НАТО за ноќни операции, велат руските воени блогери.

Украина војници EPA-EFE/c

Новина во начинот на искористување на силите кои изведуваат офанзивни операции е директната поддршка на нападни и извидувачки беспилотни летала. ,Ова значи дека командантите имаат преглед во реално време на ситуацијата на бојното поле.

Особено импресивни се снимките од директната координација и корекција на оган од тенкови со помош на дрон за набљудување. Иако ограничени, украинските офанзивни и демонстративни дејствија се јасно изведени на плански начин, по целата линија на поделба.

Ова ги става непријателските руски сили во неповолна положба. Во случај на фокусиран напад, Украинците имаат на располагање многу поповолни комуникации за маневрирање на силите долж фронтот.

Украина Бахмут тенкови/ Фото: Mustafa Ciftci / AFP / Profimedia

Командата во Киев сака да го искористи неуспехот на руската зимска офанзива и заморот на силите на руските воени единици .

Украинските сили извесен период главно вршат офанзивни операции со цел подобрување на тактичката позиција, нанесување на најголеми можни загуби на руските сили и преземање на севкупната иницијатива на бојното поле.

Кампањата е веќе започната и најверојатно ќе трае до есен. . Наместо деветмесечна најава дека целосно го контролираат градот, неодамнешниот пробив на руските линии кај Бахмут предизвика прилично паника во рускиот медиумски простор, наведуваат западните воени извори.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот