Почина терористот од Брисел! Белгиската полиција го застрелала во градите, починал на интензивна нега

Белгија полиција / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Абдесалим Л., кој синоќа во терористички напад во Брисел уби двајца шведски навивачи и рани трет, починал во болница како последица на утринската престрелка со белгиската полиција во областа Скарбек.

Тој бил застрелан во градниот кош и бил пренесен на одделението за интензивна нега.

Медиумите во Белгија јавија дека терористот починал во болница.

Белгиската министерка за внатрешни работи претходно, утринава соопшти дека напаѓачот е „неутрализиран“ во Скарбек, без веднаш да го прецизира идентитетот на застреланиот.

Белгиските власти за медиумите потврдија дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за нападот, а на социјалните мрежи се појавија и првите снимки од акцијата на белгиската полиција утринава.

– Тој човек моментално е на интензивна нега – изјави Руди Верворт, премиер на бриселскиот регион.

Белгискиот сојузен обвинител претходно изјави дека имаат „цврста претпоставка“ дека лицето застрелано утрово од полицијата е Абдесалем Л., по потекло од Тунис, кој е осомничен за нападот.

Полицијата на местото на претресот во Скарбек пронашла неколку парчиња оружје, а некои наводно биле пронајдени во блискиот парк.
Белгиските медиуми потсетуваат дека Абдесалем Л. е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани и ранил трето лице, исто така од Шведска.

Како резултат на тоа, Националниот кризен центар го подигна нивото на тревога во Брисел на максималното ниво 4

Нападот се случил на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот