Нешто „смрди“ во договорот меѓу Путин и Пригожин

Евгениј Пригожин (лево) му сервира специјалитет на Путин во ресторанот „Шевал блан“ во 2011 година /Фото: Misha Japaridze/Pool/File Photo / East2West News / Profimedia

Денес, со право светската јавност е фокусирана на тоа како не успеа државниот удар на Пригожин со кој требаше да му наштети на авторитетот и кредибилитетот на Владимир Путин. Доколку се анализираат работите се што се случи за тоа кратко време тешко е некој ја открие вистинската приказна. Да се прогласи некој за предавник, да му се ветува најстрога казна, а потоа да се помилува неколку часа подоцна и тој да се спакува и да замине во соседна земја е помалку не реално. Со тоа, не се покажува „силен рбет“, пишува Дијана Магнеј британската дописничка од Москва за „Скај њуз“. Нејзиниот краток коментар го пренесува магазинот Геополитика во целост:

Исходот е невообичаен, но засега има уште многу непознати. Пригожин заминува во Белорусија, во кое својство и со какви овластувања не знаеме (а сега тоа не би ни било објавено бидејќи тој наводно е во немилост). Руските државни медиуми се прилично тивки за договорот. Веќе подолго време кружат гласини за нарушеното здравје на белорускиот лидер Александар Лукашенко. Од спорните избори во 2020 година во Белорусија, Владимир Путин ја затегна контролата врз Белорусија без да мора да ја нападне, како што направи со Украина, и со оглед на несигурната контрола на Лукашенко на власт – неговиот народ и понатаму не го сака. Сега таму е еден од најмоќните и најопасните воени послушници на Путин-вели Магнеј.

-Но, Пригожин одамна е проект на Кремљ. Можеби сè уште е. За Украина, за белорускиот народ и за Западот, Белорусија каде Пригожин би бил на власт е пострашно место дури и од сега. Но, ако „вооружениот бунт“ е само внимателно оркестрирано државно творештво, се поставува прашањето зошто Путин воопшто се мачеше со неговиот страстен говор. Зошто ФСБ покрена постапка која предвидува минимална казна затвор од 20 години? Можно е Пригожин едноставно да сфатил дека ја нема поддршката во армијата на која се надевал. Можно е мирно да седи во егзил во Белорусија или да продолжи со своите активности на друго место во светот во име на Кремљ. Но, тој не е тип да седи мирен, иако вчера, како што одминуваше денот, беше неверојатно тивок. Нешто уште смрди, пишува Дијана Магнеј дописничката за британскиот „Скај њуз“ од Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот