Зошто Ева Мендез никогаш не објавува фотографии од своите деца?

Децата на Ева Мендез невозможно е да ги видите на нејзините профили на социјалните мрежи.
Додека нејзините холифудски колеги често ги споделуваат интимните моменти кои ги поминуват со семејството, кај 46-годишната актерка тоа го нема, а сега објасни и зошто.
– Секогаш имав јасни граници кога станува збор за мојот партнер и децата. Ќе разговарам со нив за тоа, нормално, со одредени граници, но нема да објавувам фотографии од нашиот секојдневен живот, одговори таа на коментарот на еден фан.
Таа додаде и дека нејзините деца се уште се мали и не разбираат што всушност значи објавувањето на фотографии.
– Поради тоа немам нивна дозвола. И нема да ги објавувам нивните фотографии се додека не се доволно возрасни за тоа сами да ми го дозволат, изјави таа.
Да се потсетиме, Мендез е мајка на две ќеркички, четиригодишната Амаде Ли и петгодишната Есмералда Амаде. Таа ги доби со својата долгогодишна љубов, актерот Рајан Гослинг.