Жолта – боја на пролетта и стилот

Жолтата е боја, која на најверодостоен начин ја опишува енергијата која пролетта ни ја носи и затоа таа е водечка боја во оваа сезона. Оваа боја е непресушен извор на инспирација за енергичен и лефтерен, пролетен аутфит.

Оваа пролет, жолтата е водечка боја, а особено е застапена во парчињата облека со строги линии, односно формалните комбинации на кои им внесува пролетна ведрина.

Оваа сезона, особено се модерни жолтите пантолони, кои можете да ги носите во секоја прилика. Жолтата е идеална боја и за бујни, романтични, лелеави фустани, кои сами по себе ја претставуваат пролетта.

Користете ја оваа пролет токму жолтата боја, а доколку не сакате таа да биде главна боја на вашата облека, тогаш модните додатоци нека бидат во оваа боја.

Видео на денот