ЖИВОТНА ЛЕКЦИЈА: Дали би земале валкана и газена пара?

Познат говорник одржувал семинар пред голема публика, кога од џебот извадил банкнота од 20 долари и прашал колкумина од присутните би ја сакале таа пара. Речиси сите присутни кренале рака.

Тој им рекол:

„Ќе ја дадам оваа пара на еден од вас, но дозволете ми прво да направам нешто со нејзе.“

Потоа тој ја згужвал и прашал кој и понатаму ја сака парата, по што повторно се кренале многу раце во воздух. Својот „настап“ го продолжил такашто ја фрлил парата на земја и ја згазнал неколкупати со чевелот. Потоа ја кренал извалканата банкнота и повторно го поставил истото прашање.

Откако пак се кренале многу раце во воздухот, тој го завршил својот говор со важна животна лекција, кога се во прашање парите и личниот карактер:

„Драги мои, вие научивте нешто важно. Без разлика што ѝ да и направев на парата, вие и понатаму ја сакавте, бидејќи нејзината вредност не се смени. Таа и понатаму остана да вреди 20 долари. Многупати и животот ќе ни го прави истото, ќе нè гази и ќе не фрла во кал. Ќе се чувствуваме безвредно, но она што не смеете да го заборавите е дека вие нема да ја изгубите својата вредност. Вие и понатаму ќе бидете личноста која сте и ќе останете посебни и тоа никогаш немојте да го заборавате!“

Видео на денот