Жител на светиниколско сакал да го тепа градоначалникот на Лозово

Лозово / фото: Ацо Велковски/Google Maps

Жител на светиниколското село Каратманово пред два дена сакал да го нападне градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, соопшти МВР.

„На 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово, пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста” во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С.Каратманово тргнал кон него со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

Видео на денот