Женското финале и триумфот на Ема Радукану на УС Опен било погледано од машкото во САД

Неодамна завршениот грен слем турнир УС Опен, беше далеку погледан во САД во однос на тој од минатата година кога не беше дозволено присуство на навивачи на трибините.
Тоа што е интересно е дека финалето во женска конкуренција во кое играа Ема Радукану и Лејла Фернандез беше погледано од машкото финале во кое Данил Медведев го совлада Новак Ѓоковиќ.
Победата на Ема Радукану ја следеле 3.4 милиони гледачи во САД што е за 37 проценти повеќе од минатогодинешното финале во кое Наоми Осака беше подобра од Викторија Азаренка.
Ова беше најгледано финале од 2015 година откако преносите се емитуваат на ЕСПН телевизијата, а во него да не учествува Серена Вилијамс.
Машкото финале кои можеше да го донесе првиот освојувач на календарскиот слем од 1969 година, во живо го следеле 2.7 милиони гледачи.