Здравите навики во исхраната кај бебињата се стекнуваат пред раѓањето

Најважно е да се почне навреме – трудниците уште од првите недели од бременоста треба да се трудат да се хранат што поздраво бидејќи навиките се стакнуваат уште во текот на ембрионалниот развој.

Многу родители мачат големи маки со исхраната на нивните деца уште од моментот кога воведуваат храна. Но, според ново истражување спроведено во Франција, мајките уште во бременоста треба да консумираат листест зеленчук, пиперки, моркови и мешунки, за да можат да бидат сигурни дека кога ќе воведат цврста храна, детето лесно ќе ја прифаќа.

Тие најпрво се навикнуваат на вкусот уште во матката, преку храната која ја „земаат“ од мајчиниот организам. Натаму, вкусовите ги чувствуаат и преку мајчиното млеко.

Затоа и децата се навикнуваат на тие мириси и вкусови, па кога ќе дојде моментот за воведување немлечни намирници, полесно ги прифаќаат оние кои мајката ги консумирала за време на бременоста и на доењето.

Видео на денот