Заев: Ципрас упати повик до ЕУ да се започнат преговори за влез на Северна Македонија

На 17 јуни минатата година кога нашите земји го потпишаа Договорот од Преспа испишавме историја. Деновиве мојот и нашиот пријател Алексис упати повик до ЕУ да се започнат преговори за нашата земја да стане членка, истакна на денешната прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека соседот Грција е сега наш пријател и дека целото она што изгледало невозможно сега е реалност.
– Денеска нашата Република за прв пат во својата историја е домаќин на грчки премиер. Денешниот ден е историска одредница. Кога ќе погледнете во иднината што се отвара пред нас, гледате два соседни пријателски народи кои му покажаа на светот дека она што изгледаше невозможно, денеска е реалност – истакна Заев.
Видео на денот