За Русија новиот меѓународен преставник во БиХ е нелегитимен, амбасадата во Босна издаде дипломатска нота

Амбасадата на Руската Федерација во БиХ издаде дипломатска нота во која се вели дека не го прифаќа Кристијан Шмит за нов висок претставник во БиХ,
Во белешката се наведува дека Советот за безбедност на ОН формално не се согласил со кандидатурата на Шмит и затоа Руската Федерација не го смета за легитимен висок претставник, пишува РТРС.
Република Српска не го прифаќа Шмит за висок претставник затоа што не е избран во согласност со Анекс 10 од Дејтонскиот мировен договор, ниту пак неговото назначување е одобрено или ратификувано од
Советот за безбедност на ОН, пренесуваат медиумите во Република Српска
Новиот висок преставник на меѓународната заедница во Босна требаше да ја преземе функцијата на први август, но се соочи со противење од срспкиот ентитет во Република Српска.
Русија исто така ја доведува во прашање легитимноста на германскиот политичар за висок претставник.
Лидерот на србите од Република Српска Милорад Додик најави дека нема да соработува со новиот меѓународен претставник.