За една недела повеќе од 70 нови случаи на морбили

За  една недела (30.03-05.04.2019), пријавени се вкупно 71 случај на мали сипаници, се наведува во најновиот извештај на Институт за јавно здравје.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 35 случаи се од Скопје, при што околу 65 проценти од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Останатите 36 заболени се од 6 други градови во државата. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември минатата година заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 835 случаи на мали сипаници.

 

Видео на денот