„Youth Fest“ фестивал во МКЦ – Дојдете да ги слушнете приказните на младите

Младинскиот Совет на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија на 7 април (недела) организира „Youth Fest” фестивал во Младинскиот Културен Центар со почеток во 12 часот попладне.

Како што истакнуваат оттаму, целта на фестивалот е да се прослават приказните на младите луѓе кои не мотивираат да се стремиме кон еден подобар стандард и да се бориме за нашите идеали.

„Идејата на фестивалот е да се има интерактивна изложба со приказни на младите луѓе во оваа држава. Нивните приказни ќе бидат насочени на препреките со кои се соочуваат тие, оние од општеството и оние кои си ги поставуваме самите себе си, како и поддршката и мотивацијата на која треба да се фокусираме. Фестивалот сака да го искомуницира и одговори прашањето „Што им е важно на младите?“

Во склоп на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два ди-џеи додека во позадината ќе има базар со локалните креативци и нивните уникатни производи. Учество ќе земе и Американското катче со нивни друштвени игри, а ќе се оддржи и дискусија на тема „Зошто да останеме?“ (во оваа држава).

Советот ги поканува сите оние кои сакаат да земат учество во една поинаква уникатна форма на фестивал, да се запознаат и охрабрат од приказните на младите луѓе, да ја споделат нивната приказна, да уживаат во музиката и сонцето и да ги откриjат сите други изненадувања кои се кријат во фестивалот, се вели во соопштението на Младинскиот Совет на Амбасадата на САД.

Агендата на фестивалот:

12:00 – Отварање на изложбата, пристигнување на гостите, започнување на базарот
12:30 – Minstrel Gallery
13:15 – Cirka
14:00 – Обраќање на Младинскиот совет
14:10 – Дебата во холот
14:15 – DJ Ux
15:30 – DJ Dino

Видео на денот